Сообраќајка на излезот од Гевгелија, едно лице почина

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесет годишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис” со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршија екипа на ОВР Гевгелија и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот