Сообраќајка меѓу две возила во Скопје, две од сопатничките со тешки повреди

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ и улиците „Интернационални бригади“ и „16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „мерцедес бенз”, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (67) од селото Теранци, кочанско и патничко возило „даихатсу сирион” управувано од Т.Д. (77) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д. (27) од Кавадарци и М.Д. (27) од Куманово.

Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”, се здобиле и возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот