Сонот на Берлускони: Во ист тим Кака, Златан и Балотели!?

twitter/BBC Sport

Легендарниот Италијанец има големи амбиции со својата Монца во текот на летниот период…

Поранешниот претседател и сопственик на Милан, Силвио Берлускони сака да направи силен тим за следната сезона со желба за учество во Серија А. Монца оваа сезона го заврши на врвот во Серија Ц, поради пандемијата на коронавирус автоматски беше префрлен меѓу второлигашите во Серија Б.

Легендарниот Италијанец не размислува многу, веќе ги најавува амбициите со својата Монца во текот на летниот период. Се шпекулира дека можно е Берлускони да ги ангажира веќе докажаните фудбалски ѕвезди, Златан Ибрахимовиќ и Кака.

Тие беа нашите реални приоритети за сезоната која беше прекината поради коронавирусот. Моравме да се откажеме, но никогаш не се знае – рече Берлускони.

Монца преговараше со Златан Ибрахимовиќ и во текот на зимскиот преоден рок, но Швеѓанецот одлучи да остане во Милан, додека Бразилецот Кака и натаму не му кажал крај на фудбалот, иако нема настап од 2017 година кога го напушти Орландо.

Размислуваме за ангажирање на пет или шест нови фудбалери. Многу сум оптимист дека можеме да ја освоиме и Серија Б – додаде Берлускони.

Легендарниот бизнисмен не размислуваше околу Марио Балотели, но после информациите дека „Супер Марио“ наскоро ќе добие отказ во Бреша, и неговото можно доаѓање е означено како приоритет во текот на летниот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот