СОНОТ Е ЕУРО 2021: Милевски го објави списокот за Казахстан и Црна Гора!

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Младата македонска фудбалска репрезентација во првото коло од квалификациската група 6 во првото коло на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје со 7:1 беа декласирани Фарските острови.

Тоа може колку за почеток буди надежи дека селекторот Благоја Милевски „крои“ нова генерација која би можела да настапи повторно на Европско првенство, иако се наоѓаме само на стартот од квалификацискиот циклус.

Денеска Милевски го објави списокот на репрезентативци за престојните натпревари, тука се наоѓаат Дарко Чурлинов (Келн), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон), Марио Крстовски (Академија Пандев), Агрон Руфати (Истра)…

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Моментно на табелата води Шпанија со шест бодови, втор е Казахстан исто така со шест, но од четири натпреари. Следуваат Македонија, Израел и Црна Гора по три, со напомена дека Црногорците имаат три одиграни мечеви колку и Фарските острови, но без бодови.

На 10 октомври нашите фудбалски надежи гостуваат во Подгорица кај Црна Гора (17.30 часот), а пет дена подоцна се домаќини на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ на селекцијата на Казахстан (14.30 часот).

Ова се фудбалерите со кои ги отворивме квалификациите, списокот е тој, со исклучок на Марко Ѓоргиевски од Вождовац. Сега имаме појасна слика за нашиот потенцијал и улогата во овие квалификации. Со исклучок на Шпанија, сите останати селекции ќе бидеме во борба за второто место, а зошто да не и прво ако ни се укаже шанса. Противниците со кој ќе се соочиме на претстојните натпревари се квалитетни, но сега мислиме само на Црна Гора, а потоа на Казахстан. Одиме чекор по чекор, тоа е нашата филозофија, одиме да ја победиме Црна Гора. Противникот е квалитетен, физички се силни, играат цврст фудбал, технички дотеран. Поголем дел од нивните фудбалери се од домашното првенство, кое од година в година е сè посилно. Но, сме одиграле неколку пријателски натпревари со нив и знаеме што не очекува. И покрај победата од 7:1 над Фарски Острови цврсто стоиме на земја – рече Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот