СОНК: Штрајк во основните училишта доколку не се исплати додатокот за зголемен обем на работа

Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Неисплаќање на дополнителни средства за зголемен обем на работа на работниците во основното образование е можна причина одреден број на основни училишта во државата да стапат во штрајк. Претседателот на СОНК, Јоаким Неделков, на денешната прес конференција истакна дека за жал институциите на системот не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците во време на пандемија и игнорантски се однесуват кон нив и потребата за исплаќања на овој додаток на плата.

– Во Куманово едно училиште има донесено одлука, директорот е информиран писмено за донесената одлука. Веројатно денеска или утре и другите училишта во Куманово и кумановско ќе донесат таква одлука. И во другите училишта ширум Македонија ќе постапат согласно нашите препораки и примерот од Куманово. Се работи за околу 50 училишта на национално ниво, тоа не значи дека се 50 општини, туку во една општина има повеќе училишта. Ова е лош пример на функционирање на правен систем, на правна држава, рече Неделков.

Тој апелираше до сите локални самоуправи, училишта и МОН да најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел на училишта нема да заврши.

– Се до исплаќање на овие средства нема да се изготвува педагошка документација, сведителства и тн. Тоа што им следи на наставните што го работеле прекувремено ќе мора да го добијат. На таков начин ќе биде задоволена правдата, изјави Неделков.

Воедно тој обајсни дека во период на пандемија се донесе нов план за реализација на наставата во основните и средните училишта по протоколи за заштита на работниците. Согласно протоколите и планот на работа сите паралелки кои броеја поголем број на ученици се делеа на две групи, односно работа група (паралелка) не може да биде поголема од 15 ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот