СОНК и властите вечерва преговараат за платите, ќе го откаже ли синдикатот најавениот штрајк?

Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вечерва се во Министерството за финансии на разговори околу синдикалните барања за зголемување на платите.

– Денеска ќе работиме во министерството каде што се крои буџетот, очекуваме добра сума што ќе ни ја понуди Владата преку Министерството за финансии, сума која не ќе можеме да ја одбиеме. Значи конструктивен предлог, предлог што ќе го понудиме на членството па тоа како ќе одлучи. Тоа се 18,4 проценти сега и дополнително усогласување на почетната плата односно минималната плата со колективните договори, изјави претседателот на СОН Јаким Неделков пред средбата во МФ.

По средбата на делегација на СОНК предводена од претседателот Јаким Неделков со Владата на 29 март, Синдикатот соопшти дека од 11 април вработените во училиштата и градинките ќе стапат во генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања.

Владата, пак, во соопштение наведе дека е отворена за континуиран дијалог „со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори”.

СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот