СОНК е против онлајн настава, ги повика Владата и ЗЕЛС да го решат греењето во училиштата зимава

Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата, порача Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

-Наставата од далечина не е прифатлива опција за најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, велат од СОНК.

Реакцијата на СОНК доаѓа по предлози на одредени градоначалници до министерството и ЗЕЛС, за кој сеуште не одлучила Владата.

Имаше предлози зимскиот распуст да трае два месеци, изгубената настава да се надокнади онлај ,учебната година да продолжи до 30 јуни, а идната да започне на 15 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот