Сондленд: Трамп вршеше притисок Украина да отвори истрага за синот на Бајден

Фото: Профимедиа

Постојаниот претставник на САД во ЕУ, Гордон Сондленд, синоќа даде исказ зад затворени врати во Претставничкиот дом во рамки на истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Според некои американски медиуми, во рамките на сослушувањето тој изјави дека Трамп вршел притисок врз украинскиот претседател, Володомир Зеленски, Украина да почне антикорупциска истрага за компанијата „Бурисма” во која работел синот на неговиот политички опонент, Џо Бајден.

– Џулијани истакна дека претседателот (Трамп) сака Зеленски отворено да даде изјава дека Украина почнува со овие антикорупциски прашања…Џулијани посебно ги истакна изборите во 2016 година (вклучително и серверот на Демократската партија на САД) и Бурсма. Имено тие две антикорупциски теми имаат значење за претседателот Трамп, изјави Сондленд.

Според него, средбата Трамп-Зеленски била под знак прашања, бидејќи претседателот не сакал да се среќава доколку неговиот украински колега не ги исполни дадените услови.

Во текот на маратонското деветчасовно сослушување, Сондленд укажа дека лично бил против тоа односите со Украина да ги води Руди Џулијани, личниот адвокат на Трамп, но дека сепак почнал да се координира со него, чии барања биле „приоритет за Киев да биде истрага за политичките ривали на Трамп”, вклучувајќи го и поранешниот потпретседател.

Бајден е во трка за номинацијата претседателски кандидат од демократите за изборите во 2020 година.

Минатата недела администрацијата се обидуваше да го минира сослушувањето на Сондленд, но демократите испратија официјална покана која би влечела судска разврска ако се одбегне.

Исказите на Сондленд имаат посебна важност за истрагата, бидејќи претходно обелоденетата СМС преписка и изјавите на другите сведоци укажуваат на тоа дека тој играл една од клучните улоги во дијалогот со Украина, темел на истрагата за импичмент.

Истрагата оваа недела се интензивираше со сослушување на уште двајца високи официјални лица, со Фиона Хил, поранешен советник на Трамп, и со Лора Купер, заменик помошник секретар за одбрана.

Хил, која две години работеше како советник за национална безбедност на претседателот и e експерт за Русија, исказ даде во понеделникот. За денеска пак е закажано сослушување со Купер, која во Пентагон ги курира односите со Русија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот