Сончево време со умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот