Сончево време со слаб до умерен ветер

Времето ќе биде сончево со мала до умерена, повремено и со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималните дневни температури во текот на денешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени. Максималните пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Во текот на ноќта недела кон понеделник на запад се очекуваат нови повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот