Сончево време со мала до умерена локална облачност

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето во земјава во утринските часови локално ќе има зголемена облачност, но преку денот облачноста ќе се намалува.

Во попладневните часови ќе преовладува малку до умерено облачно време со умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температутра ќе биде во интервал од четири до 12, а дневната од 18 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во главниот град ќе достигне до осум степени, а дневната до 23 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен раст на дневната температура. Утринските температури и натаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот