Сончево време со максимална температура до 30 степени Целзиусови

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

В недела ќе преовладува стабилно време, со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот