Сончево време, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Стабилно и суво време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 28 степени Целзиусови. УВиндексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Следува период на потопло време.  Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер, а под влијание на влажен бран повеќе врнежи се очекуваат ноќта помеѓу петок и сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот