Сончево со умерена облачност, од среда следи период на потопло време

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени. УВ=7. Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 21 степени. Од среда следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот