Сончево со умерена облачност и температури до 36 степени

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Според информациите од УХМР денеска не очекува сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=9.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде 20 степени, а максималната 34 степен.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот