Сончево со мала до умерена облачност

Парк / Фото: МИА

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време.

По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот