Сончево и ветровито со температура од 14 до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со слаб, а попладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Најмногу снег, според мерањата на УХМР изутрина во седум часот има на Попова Шапка, каде снежната покривка е 34 сантиметри, додека на Маврови Анови има осум сантиметри снег, шест во Крушево, три во Лазарополе.  Најниска температура, пак, е измерена во Берово -4 степени,  а  -3 во Скопје-Петровец, Битола, и Маврово, -2 Тетово, Струмица, Д.Капија и Лазарополе, -1 во Гевгелија. На останатите места се регистрирани температури над нулата.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, преку ноќта беше ведро и тивко, а изутринава е сончево на места со слаб северен ветер. Во делови од Скопската котлина и во Демир Капија има слаба магла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот