Сончево и топло време со малку облачност

фото: ЕПА

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, позастапена во западните делови каде што краткотрајно ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје  времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од понеделник, во западните делови се очекува повремено зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотрајна нестабилност со ретки грмежи. Од вторник ќе преовладува претежно сончево, но во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Видео на денот