Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер

Времето во државава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според УХМР, во следните денови ќе преовладува значително топло време. До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер. Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот