Сончево и студено денеска, од недела снег

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус 10 степени, а дневната од четири до 12 степени.

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус 10 степени, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до минус четири степени, а дневната до осум степени.

Во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот