Сончево и натпросечно топло со температура до 43 степени

Туристи во Скопје за време на летниот период / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде  сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-риот степен.

Видео на денот