Соња Мираковска: Ги остваруваме стратешките интереси, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

Да се зборува во Прилеп е голема обврска пред оние кои ја имаа визијата и за оние кои го положија својот живот да имаме слободна, стабилна и безбедна земја, порача Соња Мираковска, носителка во изборна единица 4 од коалицијата „Можеме“.

Пред граѓаните Мираковска истакна дека денес членството во НАТО е реалност, а дека наскоро започнуваме преговори и со ЕУ со што се заокружуваат нашите стратешки определби.

-Денес можеме гордо да кажеме дека одлуката да започнат преговорите со Европската Унија е донесена и тоа ќе биде многу скоро и ние ќе ги отвориме поглавјата, ќе разговараме како нашето законодавство да го приближиме со европското, како да одговориме на нивните барања, како многу брзо да стигнеме таму каде што ни е местото, во европското семејство. До 2024 година планираме над 80% од преговорите да бидат веќе завршена работа со затворени поглавја- истакна Мираковска.

Мираковска порача дека граѓаните кој носи напредок и интеграција, затоа на 15 јули масовно ќе ја подржат коалицијата „Можеме“ и ќе гласаат за бројот 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот