Сон на секој милијардер- оваа јахта се претвора во подморница (ФОТО)

Фото: Елена Напа/Solent News

Делува како возило од футуристички филм, но овој концепт е наскоро ќе заживее, односно ќе заплови и ќе се нурне во светските мориња. Овој дизајн е осмислен од Елена Напи од италијанска компанија за градежни бродови „Фонцантиери“.

Фото: Елена Напа/Solent News

Оваа хибридна јахта, наречена Карапаце, ќе може да се движи по морската површина, но и да се нурне до длабочина од 300 метри, а под вода ќе може да се остане и до десет дена, нудејќи неверојатен поглед на морскиот свет.

Фото: Елена Напа/Solent News

Хибридната супер јахта е дизајнирана од Елена Напи и е идеална за оние со (подлабоки џебови), кои сакаат да останат подалеку од очите на јавноста.

Фото: Елена Напа/Solent News

Напи, која го претстави овој иновативен концепт по долгогодишно истражување на наутички експерименти, вели дека ова претставува „нова класа на мега јахти“, кои комбинираат удобност на луксузни јахти и „приватност“ со навигацијата на нуркање, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Елена Напа/Solent News

Дипломатите и бизнисмените ќе можат да се качат на јахтата и да  одржуваат важни состаноци, „да дефинираат договори во целосна тајност“, вели дизајнерката.

Долгата јахта има лесна алуминиумска суперструктира, а патниците можат да уживаат во луксузните удобности на бродот – вклучувајќи ВИП штандови, дневен престој, спа, бар и сала за вежбање.

Фото: Елена Напа/Solent News

Кога оваа јахта ќе исплива на површината, горната палуба станува  достапна на гостите, кои можат да уживаат во погледот на океанот.

Фото: Елена Напа/Solent News

Хибридната суперијахта, за која се очекува да чини стотици милиони евра, кога ќе биде изградена, секако е наменета за оние најмоќните купци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот