Сомнителен откако беше на „Тур де Франс“: Францускиот премиер Кастекс на тест за Ковид-19

Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот премиер Жан Кастекс ќе биде тестиран на Ковид-19, откако се утврди дека бил во контакт со директорот на велосипедската трка „Тур де Франс“ Кристијан Прудом, кој е позитивен на вирусот.

– Премиерот седеше во автомобилот на директорот на трката „Тур де Франс“, Кристијан Прудом во саботата и заеднички ја следеа осмата етапа што се возеше на Пиринејите. И двајцата носеа маска и ги почитуваа правилата за дистанца, соопштија од неговиот Кабинет, дополнувајќи дека тој веднаш ќе биде тестиран.

Премиерот, кој беше гостин на Т„ур де Франс“ во саботата, е меѓу „случаите на контакт” на директорот на трката, Кристијан Прудом, кој е позитивен на Ковид-19.

– Физички се чувствувам совршено. Јас ќе продолжам, со придржување кон мерките, да ја извршувам функцијата во Владата. , увери премиерот од Бискарос, каде зборуваше во рамки на парламентарните денови на партијата „Модем“.

Францускиот претседател Емануел Макрон не исклучи можност за одложување на владиниот семинар закажан за в среда или, пак, тој да се одржи „преку видео врска со премиерот и можните други случаи на контакт”, доколку Ковид тестот на Кастерс биде позитивен.

– И ние го правиме она што го бараме од сите сограѓани да го сторат, доколку бидат идентификувани како контакт случај, подвлече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот