Солзи во очите и цвеќиња во рацете: Пречекани телата на загинатите Украинци

Украина и уште четири земји чии државјани загинаа во соборувањето на авионот бараат „темелна, независна и транспарентна“ истрага.

Телата на загинатите Украинци денеска беа донесени на аеродромот во Киев со украински воен авион.

Почесна гарда ги пренесе ковчезите покриени со украински знамиња до терминалот на аеродромот, каде што ќе може да им се оддаде почит на загинатите. Се работи за деветмина членови на екипажот и двајца патници.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, премиерот Олексиј Гончарук и други високи претставници присуствуваа на церемонијата на аеродромот во Киев.

 

Фото: Владимир Петров

Со солзи во очите и цвеќиња во рацете, на церемонијата на пистата присуствуваа и вработени во украинската авиокомпанија.

Украина и уште четири земји чии државјани загинаа во соборувањето на авионот бараат „темелна, независна и транспарентна“ истрага.

Иранскиот функционер кој ја води истрагата за соборувањето Хасан Резаифер денеска се повлече од ветувањето дека ќе ги испрати црните кутии од авионот во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот