Солзавец како божиќен подарок од полицијата за демонстрантите во Хонгконг

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Полицијата во Хонгконг синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од кои некои протестираа во повеќе трговски центри, додека другите оддржуваа протести на улиците на популарните туристички зони низ градот.

Дел од демонстрантите синоќа, на Бадник, носеа капи на Дедо Мраз, а на полноќ на кратко ја прекинаа акцијата за на сите, вклучувајќи ги и полицајците, да им посакаат среќен Божик.

Би-Би-Си пренесе дека некои демонстранти фрлале Молотови коктели, а полицајците возвратила со бибер-спрејови и палки.

На неколку места демонстрантите ваделе павер плочки од тротоарите и улиците и со нив направиле барикади. Полицијата наведе и дека една банка е запалена.

Протестите во Хонгконг почнаа во јуни заради спорниот закон за екстрадиција што во меѓувреме беше повлечен, а потоа се проширија во големо антивладино движење кое бара истрага за наводната полицикса бруталност, како и демократски реформи во градот што има посебен статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот