Солза Грчева: Дадовте гласови на оние кои ве продадоа топтан

Солза Грчева од Глас за Македонија го честиташе гласањето на вчерашните предвремени парламентарни избори, посочувајќи дека граѓаните дале глас на оние кои никогаш не биле со нив и оние кои ги продале топтан.

-Народов без око да му трепне си ги избира истите криминалци и веднаш се лепи и за нови кои се појавуваат. Последниве ќе му правеле космодроми и ќе му го продавале МЕПСО и Македонски пошти. Се против што ние се бориме, реагира Солза Грчева од Глас за Македонија, напиша на Фејсбук.

Таа испрати „честитки“ за изборниот епилог и порача дека граѓаните дале глас за некој што никогаш не биле со нив.

-Нека ви е со среќа Северна, тоа сте го сакале цело време. Дадовте гласови на оние кои никогаш не беа со вас и на оние кои ве продадоа топтан. Нека ви е со среќа тонењето и енормниот криминал. Никако да препознаете здрави концепти за излез од ова бесконечно пропаѓање. Со неодговорноста, себичноста ја запечатувате судбината на генерации. Ние остануваме посветени на декриминализацијата, таа рак рана на нашево општество. Од криминал и името ви го продадоа, од криминал народот е сиромашен, од криминал децата ни се по светот, од криминал со трошки ги купуваат луѓето и за гласање. За украдените гласови токму од Глас и нивна поделба на големите, нема што да зборувам кога со децении криминалци не водат во провалија. Уште еднаш, нека ви е со среќа!!! Секој народ си ја заслужува сопствената влада- напиша Грчева на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот