Солта мора „под клуч“ – го слабее и го загрозува имунитетот

сол, готвење
Фото: Profimedia

Во времето кога сите зборуваат за имунитетот и за неговото зајакнување со сите средства, веста од Берлин на многумина ќе им даде дополнителен материјал за размислување за она што го внесуваат преку храната во своето тело.

Д-р Сабрина Гејсбергер и нејзините колеги од Берлинскиот институт за медицински системи на биологија (БИМСБ) објавија труд во списанието „Циркулација“, кој покажува дека прекумерното солење на храната може да го „ослаби имунитетот“. Ова, се разбира, значи поголема подложност на болестите.

Секако, прва работа на која ќе помислите е кардиоваскуларниот ризик. Но, бројни студии покажаа дека солта може да влијае и на имуните клетки на многу начини.

Profimedia
 Profimedia

Дека премногу сол не е добро за здравјето, особено за срцето и за крвниот притисок, е добро познато, но оваа студија се осврна на темата што особено се наметнува во времето на коронакризата.

Научниците сакале да добијат поширок увид во ефектите на солта на организмот и подобро да ги разјаснат наодите од студијата направена во 2015 година, која покажала дека високите нивоа на натриум во крвта влијаат на одговорот на одредени бели крвни клетки на „неуспесите на системот“. Тогаш научниците заклучиле дека „тие сè уште не знаат што се случува во клетките“.

Unsplash

Во новата, берлинска студија, тимот го испитал „метаболизмот на имуните клетки кои биле изложени на високи концентрации на сол“. Откриле дека солта влијае на имунитетот нарушувајќи го т.н. респираторен синџир, предизвикувајќи клетките да произведуваат помалку аденозин трифосфат (ATП), универзално гориво кое ги движи клетките, обезбедува енергија за мускулите и го регулира метаболизмот. Значи, ако високите нивоа на сол во телото предизвикуваат послабо производство на АТП, тоа може да влијае на созревањето на клетките на имунитетот и на нивната функција.

Profimedia
Profimedia

Ако, пак, толку важен клеточен механизам е нарушен подолго време, тоа може да има многу негативно влијание врз имунитетот во секоја смисла, почнувајќи од заштитата од надворешните напаѓачи, како што се вирусите и бактериите. Исто така, постои зголемен ризик од развој на воспалителни болести на крвните садови и зглобовите, како и од автоимуни болести.

Затоа експертите уште еднаш препорачуваат дневниот внес на сол секако да се намали на помалку од шест грама. Во таа грамажа секако треба да се вкалкулира и солта што се крие во преработените прехранбени производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот