Солскјер во проблеми пред дербито со Ливерпул

twitter.com/TheSporTalk

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека Давид де Геа и Пол Погба ќе го пропуштат претстојното дерби во Премиер лигата против Ливерпул поради повреди, а најверојатно нема да бидат ниту во авионот што ќе лета до српската престолнина следната среда за новиот настап во ЛЕ.

Воедно норвешкиот стратег вели дека би можеле да се вратат Арон Ван-Бисака и Ентони Марсијал. Шпанскиот голман Де Геа се повреди на натпреварот против Шведска во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

– На Дејвид му е потребен скенер, но мислам дека ќе мора на пауза – рече Солскер за „Скај Спортс“, а потоа додаде:

– Погба беше повреден, па се врати, работеше напорно, тој дури и со болки одигра неколку натпревари. На скенерот по натпреварот со Арсенал се покажа дека можеби би требало да мирува неколку недели.

Солскјер додаде дека не може да биде 100% сигурен, но се надева дека Ван-Бисака и Марсијал ќе бидат во тимот за дуелот со Ливерпул. Јунајтед ќе го пречека Ливерпул в недела, а потоа гостин на Партизан во Лига Европа следниот четврток.

Де Геа бранеше во Холандија против АЗ Алкмар, додека Погба пропушти два натпревари во Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот