СпортФудбал

Солскјер верува во ново чудо на Камп Ноу

Тренерот на Манчестер јунајтед е убеден дека неговите играчи можат да го повторат успехот од Париз кога анулираа негатива од два гола.

Оле Гунар Солскјер смета вербата е најважна во фудбалот и дека неговиот тим може да направи нова сензација и да ја елиминира Барселона во Лигата на шампионите.

Во осминафиналето, Манчестер јунајтед по првиот натпревар против ПСЖ имаше негатива од 0:2 но во реваншот во Париз, избраниците на Солскјер се надминаа себе си и успеаја да направат пресврт, да слават со 3:1.
Солскјер затоа е убеден дека предноста на Барселона од 0:1 не е недостижна.

– Вербата е една од најважните работи во фудбалот. Успеавме против ПСЖ да направиме пресврт откако губевме со 2:0 по првито натпревар и тоа против една од најдобрите екипи во светот. Барселона веќе десетина години е еден од најдобрите екипи на светот, што значи дека мораме многу работи да направиме правилно доколку сакаме да победиме. Ние веќе докажавме дека можеме да направиме такво нешто – вели Солскјер.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close