Солскјер со неславен рекорд во Лигата на шампионите!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Оле Гунар Солскјер е тренер со најлош учинок на клупата на еден англиски клуб во историјата на Лигата на шампионите.

Норвежанецот со Манчестер јунајтед на гостински терен загуби од Лајпциг (3:2) во шестото коло на ЛШ и така испадна од елитното натпреварување, а наредната пролет ќе игра во Лига Европа.

– Во 10 натпревари забележа дури шест порази

Тоа беше дури шести пораз за Солскјер во 10 натпревар во Лигата на шампионите, што е најлош тренерски учинок на клупата на еден англиски клуб. Забележа и четири победи во ЛШ со клубот.

Триумфираше против ПСЖ (двапати на гости), Лајпциг и Башакшехир, а загуби од ПСЖ (двапати на домашен терен), Лајпциг, Башакшехир и Барселона (двапати). На тие 10 мечеви Јунајтед постигна 18 голови, а прими 17.

ВИДЕО: Шоу на Роналдо на „Камп Ноу“, Јунајтед заврши во Лигата на шампионите

– Најави дека ќе ги нападне Германците, па прими два гола после 13 минути игра

„Црвените ѓаволи“ не успеаја да освојат ниту бод, Солскјер непосредно пред дуелот истакна дека неговата екипа нема да калкулира.

– Не можеш да се повлечеш и се надеваш на резултат 0:0. Тоа не е во нашите гени. Сакаме да дојдеме и нападнеме – беа зборовите на норвешкиот менаџер пред натпреварот.

После најавата дека ќе ги нападне Германците, на теренот испрати играчи во состав 5-3-2. Во екипата имаше петмина дефанзивци, тројца фудбалери во средниот ред и двајца напаѓачи, а веќе по 13 минути игра водеше Лајпциг со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот