Солскјер: Сега сме на дното, ова е најмрачниот ден откако го водам клубот!

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед забележаа рекордно висок пораз од Ливерпул на својот стадион, а одговорноста за виденото на натпреварот кој заврши 5:0 за гостите ја презеде менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер.

– Тешко е да се каже нешто повеќе од тоа дека ова ми е најмрачниот ден откако ги водам овие играчи. Не бевме добри ниту поединечно ниту како тим.

Не може да му се даваат такви шанси на Ливерпул, а ние, за жал, им ги дадовме. Ништо не беше добро. Ние создававме шанси, а тие ги реализираа своите. Третиот гол го реши натпреварот, по четвртиот истиот беше завршен – рече Солскјер по мечот.

Навивачите после овој срамен пораз побараа Норвежанецот да си замине од „Олд Трафорд“. Солскјер е свесен за лавината критики, признава дека вечерва дебаклот е негова одговорност.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

– Чија е оваа одговорност? Моја. Тренерскиот штаб е многу добар, одличен, но јас сум тој што одлучува за пристапот на натпреварот. Минатата сезона загубивме од Тотенхем со 6:1, но ова е многу, многу полошо.

Треба да се тргнеме по ова што е можно поскоро. Ќе биде тешко, но имам карактерна екипа. Сега сме на дното, не можеме да се чувствуваме полошо од ова и ќе видиме што ќе се случи понатаму – вели менаџерот на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот