Солскјер се прости од Јунајтед: Сакав титули, но…

Солкјер три години седеше на клупата на Јунајтед/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Оле Гунар Солскјер вчера доби отказ од Манчестер јунајтед по неполни три години поминати на клупата на англискиот тим.

Солскјер во декември 2018 година пристигна како привремено решение на местото на Жозе Мурињо и успеа да се избори за долгорочен договор, но слабите резултати сезонава го чинеа отказ.

Последниот пораз кој ја прели чашата кај управата на Јунајтед е тој од Вотфорд (4:1) во саботата, по што управата на тимот по состанокот кој траеше пет часа одлучи да му се заблагодари на Норвежанецот.

– Знаете колку ми значи овој клуб и што сакав да постигнам тука. За клубот, за навивачите, за стручниот штаб, за целиот тим. Сакав да направиме исчекор и да се бориме за титулата во Премиер лигата, сакав да освојуваме титули. Новинарите ќе ме прашуваат за интервјуа, но нема да ги давам. Сите знаат дека дадов се за овој клуб и нема да зборувам повеќе на оваа тема. Овој клуб многу ми значи, сакав да дадам се од себе, но не успеав и време е да си одам – изјави Солскјер за официјалната интернет страница на Манчестер јунајтед.

Видео на денот