Солскјер: Роналдо не доаѓа во Манчестер јунајтед за да биде на клупата

Сите со нетрпение го чекаат Роналдо повторно на „Олд Трафорд/EPA/Magi Haroun

Како што е веќе познато, Кристијано Роналдо и официјално во новата сезона ќе ги брани боите на Манчестер јунајтед со кој имаше славни моменти во текот на кариерата.

Во Лисабон (Португалија) ги помина лекарските прегледи, Фабрицио Романо на својот Твитер профил објави дека договорот со „црвените ѓаволи“ на две години и сега само останува уште само да биде промовиран во старо-новиот дрес.

Уште во петокот клубот од „Олд Трафорд“ ја информираше јавноста дека се враќа 36-годишниот фудбалер.

Со екипата успеа во периодот од 2003 до 2009 година трипати да ја освои Премиер лигата, двапати Лига купот, а по еднаш ФА купот, ФА Комјунити Шилд, Лигата на шампионите и ФИФА Светското клупско првенство.

Како што пренесува британскиот „Скај“, Манчестер јунајтед за овој трансфер на Јувентус ќе му плати околу 15 милиони плус бонуси од осум милиони евра за капитенот на португалската репрезентација.

– Секако дека навивачите се возбуднеи во последните неколку денови, сите сме. Роналдо имаше одлична кариера и веќе беше овиде. Се надеваме дека договорот наскоро ќе биде завршен и дека ќе ни се приклучи. Тој не доаѓа за да биде на клупата. Со него сигурно ќе бидеме уште подобри – рече менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Видео на денот