Солскјер пред дербито го „пецна“ Ливерпул

twitter.com/TheSporTalk

Шест години „црвените ѓаволи“ чекаат на нова премиерлигашка титула, а според стартот и сезонава најверојатно нема да ја остварат целта.

Но, Оле Гунар Солскјер не е загрижен. Тој го коментираше претстојното дерби од деветтото коло во Премиер лигата кое ќе се игра денеска на „Олд Трафорд“ од 17.30 часот.

– Сигурен сум дека ќе ја освоиме лигата во блиска иднина, сигурно нема да чекаме 30 години. Добар резултат против Ливерпул може сè да промени, да влијае на целата сезона. Можеби моите играчи не веруваат доволно во себе, можеби им недостасува самодоверба. Но, без грижа, знам дека се доволно добри – рече Солскјер.

Ливерпул кој одличен стар од осум победи и максимални 24 бода (дури 15 повеќе од Јунајтед на 14 позиција) и од „Енфилд“ веруваат дека ова е моментот конечно после 30 години повторно да се искачат на тронот.

Норвешкиот стратег додаде дека со реми не би бил задоволен, и дека отсуството на Давид Де Хеа ќе биде хендикеп, но…

– Секако дека прво помислувате, играме без Давид, тоа е проблем. Но, Серхио Ромеро тренира добро и е подготвен за настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот