Солскјер потврди: Алексис се враќа во Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

фото: твитер

Оле Гунар Солскјер денеска во попладневните часови потврди дека клубот ќе му даде уште една шанса на Алексис Санчез да се докаже во наредната натпреварувачка сезона.

Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ освен што вели дека Чилеанецот ќе се врати наредното лето, сигурен е дека играчот ќе докаже дека сите грешат.

Јунајтед се подготвува за реванш полуфиналниот меч в среда против Манчестер сити на „Етихад“ стадионот во рамките од Лига купот. Потсетување дека на првиот дуел на „Олд Трафорд“ триумфираа играчите на Пеп Гвардиола со резултат 1:3.

Оле Гунар Солскјер денеска во попладневните часови потврди дека клубот ќе му даде уште една шанса на Алексис Санчез да се докаже во наредната натпреварувачка сезона.


Чилеанскиот интернационалец направи трансфер во Манчестер јунајтед во јануари 2018 година од редовите на Арсенал каде што имаше поголеми успеси и повеќе голови.

Но, во клубот од „Олд Трафорд“ не се снаоѓаше најдобро, само три голови од 32 натпревари на кои само деветпати бил стартер во Премиер лигата.

Потоа, поранешната ѕвезда на Барселона одлучи да замине на позајмица во Интер заедно со Ромелу Лукаку како бомбастични засилувања на „Џузепе Меаца“.

Во стартните четири натпревари со „неро-аѕурите“ имаше еден гол и асистенција, но потоа доживеа сериозна повреда во октомври на репрезентативниот дуел против Колумбија.

Интер ја има опцијата за откуп на неговиот договор, но најверојатно нема да може да ја искористи, бидејќи на денешната прес конференција што ја имаше Солскјер рече:

– Клубот не сака да ги губи најдобрите играчи. Алексис ќе се врати наредното лето и докаже дека сите грешите – се зборовите на менаџерот на Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот