Солскјер: Пол Погба не е играч на Рајола!

фото: твитер

Според „Дејли Мејл“, Французинот се очекува брзо да се врати на терените, вредно работи во теретана изминатите недели и е многу блиску до „кам-бек“.

Денеска нови шпекулации околу иднината на францускиот репрезентативец кој повторно се поврзува со трансфер во редовите на Јувентус.

Пол Погба би можел во текот на летниот период да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во својот поранешен клуб Јувентус.

Мино Рајола го најави заминувањето на Погба од „Олд Трафорд“, а тоа го потврди и во разговорите со челниците на италијанскиот шампион.

– Погба ќе се обиде да даде сè од себе до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме како понатаму. Активни се разговорите со првите луѓе на Јуве, но не само за Погба, туку и за други играчи. За Погба има интерес од повеќе екипи, но тој сега е член на Јунајтед – вели Рајола.

Според „Дејли Мејл“, Французинот се очекува брзо да се врати на терените, вредно работи на физички план.

Истиот извор пишува се очекува неговото враќање да се случи на крајот од февруари, а можно е да биде подготвен за градското дерби против Манчестер сити на 8. март.

На ваквите шпекулации околу статусот на фудбалерот одговори менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер:

– Ништо не сум зборувал околу иднината на Погба. Тој е наш играч, не е на Рајола. Можам само да кажам дека веднаш штом се опорави целосно, повторно ќе биде во составот за настап, а верувам дека и тој истото го посакува – вели норвешкиот стратег.

Француската фудбалска ѕвезда досега има само седум лигашки натпревари за клубот оваа сезона и се мачи со повреда на глуждот од октомври 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот