Солскјер: Погба? Се надевам дека ќе останат најдобрите!

twitter.com/MirrorFootball

И годинава се шпекулира дека Французинот ќе го напушти Јунајтед, а еднаш изјави дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека Пол Погба ќе потпише нов договор. Важечкиот му истекува на 30 јуни 2021 година.

Норвешкиот стратег не сакаше да открива во која фаза се преговорите помеѓу клубот од „Олд Трафорд“ и францускиот репрезентативец.

И годинава се шпекулира дека Погба ќе го напушти Јунајтед, а еднаш изјави дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера.

Не можам да кажам во која фаза се преговорите на играчот со клубот, но можам да потврдам дека сакаме да ги задржиме нашите најдобри фудбалери – рече Солскјер.

Претходно нови договори добија Скот Мектоминеј и Немања Матиќ.

Сакаме да направиме тим за во иднина. Откако се врати после повредата, Пол секојдневно напредува. Ужива во фудбалот и ќе видиме какви ќе бидат резултатите – додаде Норвежанецот.

Пол Погба на чекор до спектакуларен трансфер!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот