Солскјер по секоја цена сака да го задржи Кавани во Јунајтед

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

По одличната партија против Рома, повторно се зборува за иднината на Единсон Кавани. Првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Рома е доказ дека и натаму може да блеска уругвајскиот напаѓач.

Со два гола, две асистенции и принуден пенал, имаше значаен придонес за клубот од „Олд Трафорд“ да биде многу блиску до големото финале во ЛЕ. Бидејќи тој потпиша едногодишен договор со Јунајтед во октомври, кој истекува на крајот на сезоната, веднаш по крајот на натпреварот со Рома, повторно се поставува прашањето дали ќе ја продолжи соработката со премиерлигашот.

Како што пишува доброупатениот новинар Фабрицио Романо, Јунајтед ќе направи сè за да го задржи Кавани во клубот барем уште една година.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер исто така е задоволен од Уругваевот и наводно се обидува на секој начин да го убеди да остане во клубот, што тој самиот го потврди на некој начин и на прес-конференцијата после мечот со римската „волчица“.

– Кавани ги знае моите чувства. Тој знае дека би сакал да го имам тука и следната сезона. Му ветив дека „Олд Трафорд“ е сосема поинаков со навивачите. Правам најдобро што можам. Се надевам дека ќе го имаме во Манчестер Јунајтед следната година – рече Солскјер.

Според најавите Кавани ќе донесе конечна одлука само откако ќе разговара со своето семејство.

Погба: Битката не е завршена, со ист пристап и на „Олимпико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот