Солскјер останува на клупата на Јунајтед и наредната сезона

twitter.com/TheSporTalk

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд потврди дека Оле Гунар Солскјер ќе го предводи тимот и наредната сезона, а на лето ќе му биде одобрен и голем буџет за засилувања.

Првиот оперативец на Манчестер јунајтед, одлучи да ги игнорира барањата на навивачите и застана зад Солскјер. Вудворд смета дека Солскјер треба да добие време за да направи комплетна реконструкција на екипата.

Иако англиските медиуми шпекулираат дека на лето на клупата ќе седнат Маурицио Покетино и Масимилијано Алегри, Вудворд одлучи да застане зад Солскјер и му подготви дури 250 милиони фунти за купување на нови фудбалери во летниот преоден рок.

Листата на желби на Норвежанецот е голема, но прво име на листата е тоа на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Јунајтед за него е подготвен да плати дури 100 милиони фунти, а останатите фудбалери кои се на радарот на „црвените ѓаволи“ се тие на Џек Грилиш, Џејмс Медисон и Доминик Калверт-Луин.

– Сакаме што подобро да ја завршиме сезонава. Продолжуваме со реконструкција на екипата и ќе работиме на тој план заедно со Оле се додека не се направи комплетна реконструкција – порача Вудвард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот