Солскјер: Ние сме Јунајтед и не мора да продаваме играчи!

EPA-EFE/PETER POWELL

Британските медиуми велат дека Погба побарал од првите луѓе на клубот да си замине ова лето, но „проблемот“ е тоа што нема стигнато ниту една официјална понуда.

Од друга страна, пак, „црвените ѓаволи“ со сите сили се обидуваат да го задржат својот играч, но тоа нема да биде лесно.

twitter.com/Realmadridplace

Тоа што е сигурно дека Погба нема да си замине, се додека тимот од „Олд Трафорд“ не пронајде идеална замена.

Јунајтед ја процени вредноста на нивниот фудбалер на 180 милиони евра, а еве ги и зборовите на менаџерот Солскјер за случајот „Погба“:

– Секако дека разговарав со Пол и верувајте јас сум често во контакт со него. Колку што сум запознаен со ситуацијата, ниту една понуда не стигнала за кој било од нашите играчи. Ние сме Манчестер јунајтед и ние не мораме да продаваме играчи – вели Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот