Солскјер: Не знам дали ќе останам толку долго како Фергусон

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека не знае дали на „Олд Трафорд” ќе остане долго како легендарниот Сер Алекс Фергусон. Фергусон го презема Манчестер јунајтед во 1986 година и го предводеше цели 27 години, се до 2013 години кога замина во пензија како шампион. Притоа тој освои 13 титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот, две титули во ЛШ.

– Пред три месеци, заостанувавме 11 бодови зад четвртопласираниот на табелата. Можеби во ноември или декември играчите не веруваа дека имаат шанса, но ако ја завршиме нашата работа добро во останатите седум натпревари, тогаш следната сезона ќе играме во Лигата на шампионите. Што се однесува до мојот статус во клубот, не знам дали ќе останам тука долго како Сер Алекс Фергусон, но ќе продолжам да уживам се додека сум тука – вели Солскјер.

Под водство на Норвежанецот, тимот на Манчестер јунајтед игра како препороден и во моментов е на петтото место на табелата во Премиер лигата со 61 бод, само два помалку од третопласираниот Арсенал, а има ист број бодови како и четвртиот Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот