Солскјер: Не можам да поверувам дека сè уште се зборува за овие работи!

twitter.com/MirrorFootball

Пол има силен карактер и тоа што се случи ќе го направи посилен. Солскјер зборувал со Французинот, тој е добар. Но, Норвежанецот не може да поверува дека во 2019 година сè уште се зборува за овие работи.

– Како што рече Мегваер, Твитер и социјалните мрежи се место каде што луѓето можат да се кријат. И не можам тоа да го сменам. Има толку многу Солскјер на Твитер, и знам дека не сум јас. Ние мора да направиме нешто против оние кои ја шират оваа омраза. Жал ми е за овие луѓе – тие имаат големи проблеми – вели норвешкиот стручњак.

Пол Погба беше изложен на навреди преку социјалните мрежи по натпреварот со Вулверхемптон (1:1). Не реализираше пенал и пропушти да му донесе победа на неговиот клуб.

Летово се шпекулираше дека е можно да си замине од Англија и се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Денеска од 16.00 часот „црвените ѓаволи“ ќе го играат третиот премиерлигашки меч сезонава на „Олд Трафорд“ против Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот