Солскјер му одговори на Ван Перси: Јас не живеам во средниот век! (ВИДЕО)

фото: твитер

Поранешната холандска ѕвезда понекогаш сака Норвежанецот да биде и лут, фудбалерите да почувствуваат „страв“ од менаџерот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ веднаш реагираше на критиките од поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер јунајтед, Робин ван Перси.

Јунајтед загуби со 2:0 на „Емирати“ стадионот од Арсенал, а поранешниот холандски репрезентативец Ван Перси анализираше за „БТ Спортс“ и го коментираше особено норвешкиот стратег.

– Кога го слушам Оле, ми звучи како еден добар човек. Но, би сакал и да го гледам понекогаш и лут. Беше насмеан после тој пораз на Јунајтед во дербито, а тоа не е момент за насмевки – рече Ван Верси, а потоа додаде:

– На Јунајтед му е потребен план за игра и малку „страв“ од менаџерот. Треба да знаат дека доколку не истрчаат како треба или не додадат како треба, ги чека казна и дека нема да играат во наредниот натпревар.

Два дена подоцна на ваквите коментари реагираше менаџерот на Манчестер јунајтед. Своевремено Ван Перси го носеше бројот 20 на „Олд Трафорд“, исто како и Солскјер.

– Не го знам Робин и тој не ме знае мене. Тој веројатно нема право да го критикува мојот начин на гледање на натпреварите и тоа дефинитивно нема да се промени. Го зеде мојот број 20 и тоа е веројатно сè што ќе земе од мене…бидејќи јас не живеам во средниот век – вели Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот