Солскјер: Ми требаат двајца или тројца играчи во јануари!

twitter.com/TheSporTalk

„Црвените ѓаволи“ во последните неколку натпревари успеаја да ја „фатат“ вистинската форма, а Оле Гунар Солскјер побара до првите луѓе на клубот да бидат активни на фудбалскиот пазар оваа зима.

– Гледаме да се засилиме на бројни позиции. Доколку ја погледнеме нашата екипа и ја споредиме со останатите, тогаш можам да кажам дека сме тука некаде, но ни се потребни уште двајца или тројца играчи со цел да ротираме низ сезоната која ќе биде многу долга, а ќе видиме кои ќе бидат тие фудбалери – се зборовите на норвешкиот стратег.

Се шпекулираат неколку евентуални трансфери кои се поврзуваат со клубот од „Олд Трафорд“, како на пример младите Санчо од Борусија Дортмунд и Хааланд од Салцбург.

Јунајтед исто така гледа да ги освежи средниот ред и одбраната, а на „мета“ се Њигез од Атлетико Мадрид и Кулибали од Наполи.

Прва цел на тимот оваа сезона ќе биде пласман во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а моментно се наоѓаат на лош пат со оглед на тоа што низ две врзани победи се искачи на петтата позиција и заостанување од пет бодови зад Челзи кој е четвртопласиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот