Солскјер ќе потроши 150 милиони евра за „зимски пакет“!?

twitter.com/TheSporTalk

И на „Олд Трафорд“ се свесни дека ситуацијата е далеку од добра, а и покрај тоа што резултатите не се најдобри, и натаму добива шанса менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Норвешкиот стратег ова лето потроши 160 милиони евра на засилувања, по своја желба ги купи Хари Мегвајер, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс.

Постои јасна желба на клупското раководство се продолжи со реконструкцијата на тимот и дека Солскјер во зимскиот период за нови трансфери ќе добие 150 милиони евра. Норвежанецот повторно ќе „мерка“ играчи на Лестер, поточно неговата идеја да има еден добар број на англиски репрезентативци.

Веќе ги има Мегвајер, Решфорд, Лингард, Ван Бисака, Шо…а сега нови желби се уште двајца англиски репрезентативци кои играат за Лестер, Бен Чилвел и Џејмс Медисон.

Според „Трансфермаркт“, Чилвел вреди 35 милиони евра, а Медисон нешто повеќе, околу 45 милиони евра. Но, така е според „Трансфермаркт“. Добро е познато дека кога англиските клубови тргуваат со своите, домашни играчи, цените одат до „небо“, и тоа по правило целосно неосновано кога станува збор за висината на обесштетувањето.

Британските медиуми навистина одвојуваат големи суми, па така евентуалниот „зимски пакет“ во Јунајтед, Чилвел-Медисон би изнесувал околу 145 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот