Солскјер ја смирува тензијата: Сопствениците лично ми се извинија

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Менаџерот на Манчестер јунајтед откри дека добил лично извинување од браќата Глејзер.

Извинувањето е поради грешката која ја направија американските сопственици на клубот со учеството во формирањето на Суперлигата. Поради голем притисок од УЕФА, ФИФА, од англиската влада и од навивачите, сите шест премиерлигаши се повлекоа од Суперлигата со што проектот пропадна, но браќата Глејзер го навлекоа бесот пред се на сопствените навивачи.
Фановите на „црвените ѓаволи“ изминатиот викенд упаднаа на „Олд трафорд“ и не дозволија да се одигра големото дерби против Ливерпул.
Поради настанатата ситуација, менаџерот Оле Гунар Солскјер лично добил извинување од сопствениците.

– Редовно комуницирам со сопствениците и од нив добив лично извинување. Сите сфатија дека тоа што го направија беше погрешно. Не е потребно да бидете физичар за да сфатите дека ситуацијата е многу тешка и дека мораме да се избориме со неа . Тешко е и за мене, морам да бидам фокусиран на фудбалот, но во исто време да имам добар однос со сите, а пред се сопствениците. Тие често ме слушаат што зборувам, а исто така слушаат што зборуваат и навивачите и сигурен сум дека наскоро ќе разговараат и со нив– изјави Солскјер.

Менаџерот на Јунајтед исто така истакна дека не сака самите фудбалери да трпат поради новонастанатата ситуација.
– Играчите направија многу добри работи за да стигнеме до тука и навистина би било тажно доколку нивната добра работа биде уништена. Нормално, ние сме обединети како клуб, мора да биде трпеливи и се надевам дека со заеднички сили ќе ги совладаме сите пречки – додаде Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот