Солскјер ја предаде листата на желби, буџетот од 200 милиони евра гарантира дрим-тим за следната сезона

фото: твитер

Доколку „црвените ѓаволи“ успеат да ги донесат тројцата фудбалери веднаш ќе станат фаворит за титулите.

По обезбедубвањето пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона, англиските медиуми почнаа да го составуваат тимот на Манчестер јунајтед.
Со враќањето во елитниот европски фудбал, управата на Манчестер јунајтед одлучи да го одврзе кесето и да обезбеди буџет од 250 милиони евра за засилувања со кои екипата би била конкурентна како во ЛШ така и во Премиер лигата. Менаџерот Оле Гунар Солскјер на управата веќе и ја предаде листата на желби накоја има само три имиња.

Џејдон Санчо/twitter/United News Hub

Прво е името на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо за кого Јунајтед ќе мора да потроши половина од буџетот за засилувања. Борусија не отстапува од своето барање, 120 милиони евра и затоа ја одби првата понуда на Манчестер јунајтед која изнесуваше 98 милиони евра. Медиумите очекуваат до крајот на преодниот рок да се дојде до договор и Санчо во следната сезона да настапува за англискиот гигант.

Дони ван де Бек

За да дојде до услугите на Санчо, Солскјер е подготвен да се откаже од Џек Грилиш за кого Астон Вила бара неверојатни 90 милиони евра. Поради тоа „црвените ѓаволи“ ќе се свртат кон далеку поевтината варијанта, Дони ван де Бек од Ајакс кој треба да чини помеѓу 50 и 60 милиони евра и кој е веќе докажан фудбалер во ЛШ.

Единсон Кавани/EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Третото засилување треба да биде во нападот, но засега во Јунајтед планираат да се сконцентрираат на трансферите на Санчо и на Ван де Бек, додека решението во нападот го гледаат Единсон Кавани кој би можел да дојде бесплатно бидејќи му истече договорот со ПСЖ.

Солскјер освен што ќе купува планира и да се ослободи од неколку играчи како што се Крис Смолинг, Фил Џонс, Џеси Лингард, Маркос Рохо, Хуан Мата, Андреас Переира и Диого Дало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот