Солскјер изненади со списокот на играчи пред дуелот со ПСЖ

Фото: твитер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ во вторник (20. октомври) со почеток од 21.00 часот во Париз ќе ги одмерат силите против ПСЖ.

Во групата „Х“ се наоѓаат уште екипите на Лајпциг и Башакшехир кој во истиот термин ќе се соочат во Германија на „Ред Бул“ Арената.

Куман: Барса не може да биде фаворит во Лигата на шампионите!

Солскјер не се одлучи за новото засилување Единсон Кавани кој според многумина се очекуваше да дебитира токму против својот досегашен клуб, а во составот го нема и дефанзивниот играч Хери Мегваер.

Еве го списокот на фудбалери на Манчестер јунајтед за утрешната средба:

– Давид де Геа, Дин Хендерсон, Арон Ван-Бисака, Тимоти Фосу-Менсах, Аксел Туанзебе, Виктор Линделоф, Лук Шо, Алекс Телеш, Брендон Вилијамс, Пол Погба, Скот МекТоминеј, Бруно Фернандеш, Фред, Немања Видиќ, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри, Даниел Џејмс, Хуан Мата, Маркус Решфорд, Ентони Марсијал, Одион Игало.

Потсетување, Јунајтед во саботата забележа убедлива победа во Премиер лигата над Њукасл со 4:1 и во добро расположение го очекува првиот предизвик во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот