Солскјер е импресиониран од Варан: Тој е докажан лидер

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е пресреќен што на „Олд трафорд“ пристигна Рафаел Варан кој своевремено беше желба и на легендарниот менаџер на Јунајтед, сер алекс Фергусон.

Варан го комплетира трансферот од Реал во Манчестер јунајтед и по лекарските прегледи и официјално ќе биде промовиран како лидер на одбраната на англискиот тим.

– Многу сум среќен што се договоривме со Реал Мадрид за Варан. Тој е докажан лидер, играч кој го следевме неколку години. Сер Алекс Фергусон беше блиску да го донесе на „Олд трафорд“ во минатото. Со него добивме нова димензија во играта – изјави Солскјер.

Видео на денот